Вести
2026-08-11
MUK Group со задоволство го објавува потпишувањето на дистрибутивен договор со Tufin Software Technologies Ltd., водечки светски провајдер на решенија за управување со политики за мрежна безбедност и автоматизација на сајбер безбедноста.
MUK Group со задоволство го објавува потпишувањето на дистрибутивен договор со Tufin Software Technologies Ltd., водечки светски провајдер на решенија за управување со политики за мрежна безбедност и автоматизација на сајбер безбедноста.
Со овој договор, MUK добива право на дистрибуција на решенијата на Tufin во Албанија, Ерменија, Бугарија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Монголија, Северна Македонија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и Азербејџан.
Tufin е специјализиран за развој на решенија за управување со политики за мрежна безбедност, оркестрација и автоматизација, како и за усогласеност со комплексни хибридни ИТ околини.
Портфолиото на Tufin вклучува платформи за централизирано управување со политики за мрежна безбедност, контрола на промени, анализа на ризици, автоматизација на процесите за управување со пристап и усогласеност со безбедносните политики и регулативите. Решенијата на компанијата поддржуваат мултивендорски околини и се интегрираат со широк спектар на мрежни и cloud инфраструктури.
Ова партнерство дополнително го зајакнува портфолиото на MUK во областа на сајбер безбедноста, овозможувајќи им на партнерите и клиентите пристап до напредни технологии за оркестрација, автоматизација и усогласеноста на безбедносните политики.
За повеќе информации за набавка на решенијата на Tufin, контактирајте нè на: int_sales@muk.cloud